Connect with us

Фудбал

Аргентина соопшти: Дибала има приватни проблеми

Аргентинскиот фудбалски тим објави дека Паоло Дибала поради приватни проблеми, подоцна ќе дојде на собирот.

Дибала доби повик за пријателските натпревари против Гватемала и Колумбија, а привремениот тренер, Лионел Скалони, на прес-конференција изјави дека 24-годишниот фудбалер на Јувентус има “приватни проблеми”.

“Имаше некои лични проблеми да ги реши и ја доби мојата дозвола. Мислам дека е добро веднаш да ги реши, отколку подоцна, кога ќе ни биде потребен, па да ги пропушти дуелите”, рече Скалони.

Скалони рече дека Икарди ќе биде спремен во петок за натпреварот со Гватемала, но нема да биде стартер.

“Ќе биде на натпреварот против Колумбија, како и против Гватемала, но во петок нема да биде стартер и тоа е мојата одлука”, рече Скалони.