Connect with us

Фудбал

Баерн убедливо славеше во Штутгарт

Фудбалерите на Баерн продолжија во добар ритам. По совладувањето на Хофенхајм минатата недела, денес на ред дојде Штутгарт, против кој, во рамките на второто коло на Бундес лигата, славеја со уверлив резултат од 3:0.

Прашањето за победникот баварскиот тим брзо го реши, ако воопшто тоа беше прашањето.

Баерн до предност стигна во триесет и седмата минута преку Горицки, а истиот играч му асистираше на Левандовски во шеесет и втората минута за предност од 2:0 на Мерцедес-Бенз арената во Штутгарт.

Конечниот резултат го постави Милер кој низ асистенција и погодок беше еден од играчите на натпреварот.

Баерн, во наредното коло, по репрезентативната пауза, ќе биде домаќин на Баер Леверкузен.