Фудбал
Баерн во проблеми, без дефанзивци неколку недели

Баерн Минхен е без двајца десни бека.
Саша Бои заработи повреда на менискусот на левото колено, поради што мораше да оди на операција и ќе отсуствува неколку недели.
Надвор од терените е и Јосип Станишиќ, кој ќе биде отсутен најмалку до ноември.
Ова значи дека Винсент Компани мора да импровизира или да го врати Кимих во близина на десната аут линија. Сепак, тој и Палиња досега формираа тандем од средниот ред, па останува да се види како ќе изгледа Баерн во следните неколку недели.
Баерн е лидер во Бундеслигата со девет бода, а во вторник пред своите навивачи стартува во Лигата на шампионите против Динамо Загреб.