Connect with us

Фудбал

Барса го менува Силесен со друг Холанѓанец

Каталонскиот гигант Барселона ќе го замени холандскиот голман Јаспер Силесен со својот сонародник од ПСВ Ајндховен,
Јероен Зоет.

Според Мундо Депортиво, Силесен речиси сигурно ќе го напушти Камп Ноу во јануари или следното лето, но наместо него, Барса ќе го ангажира Зоет.

Се работи за 27-годишен голман кој го поминал сите селекции на холандскиот гигант. Тој веќе бранеше повеќе од 200 пати за првиот тим и сигурно е дека Барса ќе биде голем предизвик за него.

Зоет со договорот на ПСВ е обврзан до 2021 година, но сигурно е дека тимот од Ноу Камп не може лесно да се одбие, па Холанѓанецот може да ги засили редовите на каталонскиот клуб.

Тер Штеген се уште се број еден во Барса а Зоет ќе мора да направи чуда за да стигне до “единицата”.