Connect with us

Фудбал

Барселона до април ќе одлучи кој ќе го замени Чави

Раководството на Барселона продолжува да бара кој ќе го замени Чави како главен тренер на клубот на крајот од сезоната 2023/24.

Според „Diario Sport“, претседателот на Каталонците, Жоан Лапорта и спортскиот директор Деко очекуваат да одлучат за нов тренер до април.

Во потесниот круг на тимот моментално е Италијанецот Роберто Де Зерби, сега на чело на Брајтон, како и тројца германски тренери – Ханс-Дитер Флик, Томас Тухел и Јулијан Нагелсман.

Барселона по 26 кола во шпанското првенство е на третото место во поредокот со 57 бодови.

Во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, Барселона  ремизираа на гостувањето кај Наполи (1:1).