Connect with us

Фудбал

Барселона размислува за разделба со еден од стартерите

Барселона на лето ќе размисли за продажба на уругвајскиот репрезентативец Роналд Араухо доколку тоа го бара финансиската состојба на клубот.

Каталонците ќе треба да направат по еден голем излезен трансфер за да ги ангажираат Витор Роке и Иниго Мартинез на лето.

Откако го победи Наполи во Лигата на шампионите,  Араухо изјави дека неговата иднина зависи од клубот, а ESPN објави дека Барселона ќе се раздели со него доколку пристигне соодветна понуда за 25-годишниот дефанзивец.

Надежите на газдите на шпанскиот гигант се уште се дека ќе успеат да ја балансираат финансиската состојба на клубот со продажба на помалку клучни играчи.

Араухо игра во Барселона од 2019 година со 102 настапи и 7 голови.

Фудбалерот со „каталонскиот“ тим ги освои и Ла Лига, Купот на Кралот и Суперкупот на Шпанија.