Connect with us

Фудбал

Бензема се враќа во Реал? Се огласи неговиот брат!

Француските медиуми објавија дека Карло Анчелоти би сакал да го врати Карим Бензема во Реал Мадрид.

Најдобриот светски фудбалер до неодамна чувствува дека е време за промена. Летово потписот за Ал Итихад се покажа како грешка, Бензема не е задоволен, не тренира и сака да си замине.

Но, арапските челници прават се за да го остават во тамошниот фудбал и се обидуваат барем да го поттикнат да го промени клубот во таа земја. Од друга страна има одредени клубови кои се споменуваат како заинтересирани за неговите услуги. Се зборува за Челзи, па дури и за Лион…

Француските медиуми ја објавија и информацијата дека Карло Анчелоти е отворен за враќање на Бензема на „Сантијаго Бернабеу“, а поради тоа се огласи и неговиот брат Греси.

Тој на својот Инстаграм профил напиша дека тоа е невистина и со тоа стави крај на враќањето на напаѓачот во Мадрид.