Фудбал
Берлускони и Галијани се враќаат, но не во Милан!
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони би можел да се врати во фудбалот, но овојпат не во Милан.
Минатата година Берлускони го продаде Милан на кинески тајкуни за околу 740 милиони евра, што го заврши своето долгогодишно владеење на Сан Сиро.
Проговорите околу продажбата на Россонерите траеше околу две години. Двапати ја прекинаа, но групата инвеститори собрани околу тајкунот Јонхонг Лиј го презеде клубот, но оваа приказна набрзо се распадна, така што кинезот неодамна го напушти Милан.
Берлускони би можел да се врати во фудбалските активности и, наводно, е подготвен да го купи Монца. Очигледно, неговите слаби резултати во италијанските избори го сигнализираат повторно да се врати во спортските води, а со себе е подготвен повторно да го земе Адријан Галијани.
Галијани беше клучниот човек на Берлускони во Милан и лицето кое беше задолжено за трансфери.
Според Скај, Пепе Ди Стефано, Берлускони и Галијани преговараат за купување на Монца, кој настапува во Серија Ц.