Фудбал
„Билд“: Мбапе избра во кој клуб ќе игра во сезоната 24/25

Напаѓачот на ПСЖ – Килијан Мбапе ја реши својата иднина. Тој сака да се пресели во Реал Мадрид и со нив да ја освои Лигата на шампионите, пренесува германски „Билд“. Францускиот репрезентативец сака да заработува 70 милиони евра годишно од шпанскиот клуб.
Покрај тоа, за да им се приклучи на „кралевите“ без трансфер, 25-годишната ѕвезда сака да добие 100 милиони евра во вид на бонус. Мбапе бара и 25 милиони евра посебно за неговата мајка, која сега му е хонорарна консултантка.
Така, за вкупно 4 години во мадридското големо семејство, семејството Мбапе може да заработи вкупно 400 милиони евра. На напаѓачот му беше понудена иста сума за продолжување на договорот со ПСЖ.
Ливерпул се „исплаши“
Сфаќајќи ги финансиските апетити на Килијан и неговата мајка, Ливерпул веднаш се повлече од трката за неговиот потпис.
Но, Перес мисли поинаку
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е подготвен да и понуди на ѕвездата само 35 милиони евра годишно „чисти“ за да го спаси финансискиот фер-плеј на Ла Лига. На „Бернабеу“ сметаат дека е „нереална“ платата што ја бара играчот.