Фудбал
Блиску е – Варан зимска бомба?!

Стоперот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан нема ништо против враќање во Реал Мадрид.
Мадрид се очајни за уште еден стопер, а и Едер Милитао и Давид Алаба се надвор од терените со сериозни повреди.
Антонио Ридигер и Начо Фернандеш не можат да издржат цела сезона, па логично е Реал да бара адекватно решение.
Тоа би бил Рафаел Варан без сомнение. Французинот не е во добри односи со Ерик тен Хаг, иако сега е вратен во тимот, Варан смета дека Холанѓанецот доволно го почитувал.
Французинот играше за Реал 11 години во златното доба, освои три ЛШ и беше еден од клучните играчи во ерата на Зинедин Зидан.
Шпанските медиуми истакнуваат дека Варан сака да се врати, тој има договор до лето, но Јунајтед има опција да ја продолжи соработката до јуни 2025 година.
Останува да се види дали Јунајтед ќе го искористи тоа или ќе ја прифати понудата на Реал Мадрид, но сумата засега не се споменува.