Ракомет
„БОМБА“: Најталентираниот македонски ракометар потпишал за Вардар!
Иако уште пред извесно време се најавуваше, сепак денеска како „бомба“ одекна информацијата дека Филип Талески потпишал едногодишен договор со Вардар. Информацијата ја потврдил и новиот спонзор Михајло Михајловски.
Талески потекнува од школото на Металург, играше пет сезони во Германија, а сега доаѓа во Вардар.
Талески се смета за еден од најталентираните македонски ракометари, кои по пензионирањето на Кире Лазаров треба да биде предводник на македонската ракометна репрезентација.