Connect with us

Други спортови

Репортерка се вклучи во програма пијана (ВИДЕО)

Познатата австралиска репортерка Даника Мејсон се најде во центарот на вниманието откако пред камерите се појави во видно алкохолизирана состојба.

Нејзиното јавување од Зимските олимписки игри стана вирален хит.

Расположената Даника се вклучи во живо од Италија за австралискиот Канал9 и ги изненади гледачите. Таа заплеткуваше со зборовите, зборуваше за цената на кафето, за игуаните, а потоа дури и се валкаше по снегот.

„Цената на кафето овде е всушност во ред. Мора да се навикнеме на цените на кафето во САД, не сум сигурна за игуаните… Каде води ова? Во секој случај, да преминеме на денешниот спорт, бидејќи многу работи се случуваат дома“, изјави Даника за време на јавувањето.

Снимката предизвика лавина реакции, по што таа јавно се огласи.

Таа упати јавно извинување и призна дека пред вклучувањето консумирала алкохол.

„Сакам да преземам целосна одговорност, тоа не е стандардот што си го поставувам себеси. Добро сум, само ми е малку непријатно“, изјави таа.