Connect with us

Фудбал

Бомба од Апенините: Реал испрати понуда за Дибала, Јуве експресно одговори

Реал Мадрид сигурно ќе се обиде да донесе барем уште едено засилување во финишот на летниот трансфер период, а навивачите на овој клуб веќе неколку недели ја чекаат замената на Кристијано Роналдо.

Кралскиот клуб сè уште не доведе звучно засилување ова лето, што не е типично за нив, особено кога останаа без Роналдо, кој беше најдобар играч на тимот. Навивачите се сигурни дека Флорентино Перез ќе се обиде да донесе звучно име на Сантијаго Бернабе до самиот крај.

Неговата прва желба беше Еден Азар, но Челзи одби да го продаде овој играч, а според шпанските медиуми, Реал се сврте кон Дибала. Марка објави дека кралскиот клуб испрати понуда до Јувентус од околу 180 милиони евра за аргентинскиот напаѓач.

Сепак, во Јувентус не размислуваа многу и веднаш испратија порака до Перез, дека Дибала не е на продажба и дека е подобро да се свртат кон доведување на други играчи. Доколку, Гонзало Игуаин не заминеше во Милан со сигурност во Јуве добро би размислиле за понудата што ја добиле од Реал.