Connect with us

Фудбал

Бомбата е готова – Ливерпул плаќа само 50.000.000 за замена на Салах!

Мохамед Салах можеби ја игра последната сезона на „Енфилд“.

Како што е познато, Египјанецот има договор до крајот на оваа сезона, засега нема индиции за преговори околу негово останување, а масло на огнот денеска долеа и Билд.

Највлијателниот германски весник откри дека Карим Адејеми е избран за наследник на Мохамед Салах.

Овој извор открива дека Ливерпул е подготвен да плати 50 милиони евра за да го купи од Борусија Дортмунд.

Германецот минатата сезона играше неконстантно, во финалето на Лигата на шампионите можеше да биде херој, но овојпат почна да игра како што може. Синоќа му даде хет-трик на Селтик во Лигата на шампионите, а вкупниот учинок во осум натпревари е – пет гола и асистенција.

Адејеми е и повремен репрезентативец на Германија, иако Јулијан Нагелсман го изостави од Европското првенство, многумина сметаат дека е во вистинска форма за иднината на репрезентацијата за која забележа четири настапи и постигна еден гол.

Во дресот на Дортмунд одигра 74 натпревари на кои постигна 19 голови и 13 асистенции.

Адејеми има договор до летото 2027 година, а како што кажа и самиот е среќен во Дортмунд и не размислува за заминување.

Меѓутоа, кога Ливерпул ќе затропа на вратата, се се менува. Проблем може да биде и обештетувањето, Дортмунд му плати 30 милиони евра во летото 2022 година, а Трансфермаркт сега го цени на 28 години.

Затоа, цифрата од 50 милиони не звучи како нешто што е проблем за Ливерпул, особено ако се земе предвид дека Салах би можел да го напушти клубот по осум години.