Connect with us

Фудбал

Бускетс се договори со Барса и доби клаузула од 500 милиони евра

Играчот од средниот ред на Барселона Серхио Бускетс ќе го продолжи договорот со клубот во блиска иднина, објави „Мундо Депортиво“.

Раководството на Каталонците преговараше со 30-годишниот Шпанец за новиот договор во текот на летните месеци.

Според условите на договорот, клаузулата за откуп на халфот се зголемува од 200 на 500 милиони евра. Неговата годишна плата исто така ќе се зголеми.

Бускетс игра за Барселона од 2008 година и освои седум трофеи во Шпанија и три пати во Лигата на шампионите.