Connect with us

Фудбал

Чави зборуваше за Реал и судиите: Со вакви судиски одлуки ќе ни биде тешко да ја одбраниме титулата, мислат дека сме глупави

Чави Ернандез, тренерот на Барселона, уште еднаш жестоко ги нападна судиите за носење одлуки во корист на најголемиот ривал Реал Мадрид.

Пред десетина дена зборуваше по пресвртот на Реал против Алмерија, а сега најави уште еден.

„Дури и на натпреварот на Реал против Хетафе се случија работи кои не се нормални. Не можеме да влијаеме на нив, но сите ги гледаат. Со вакви судиски одлуки ќе ни биде многу тешко да ја одбраниме титулата“, изјави Чави.

Тренерот на Барса во заминување вели дека судиите се пристрасни кон Мадрид.

„Тоа се случува недела по недела и се им е дозволено. Тие влијаат на исходот на натпреварот. Слеп човек може да види што прават. Диего Симеоне пред некој ден рече дека сите мислат дека сме глупави. Ние не сме глупави, сите разбираат што се случува овде“, рече Чави.