Connect with us

Ракомет

Червар не се појави на пресот, на негово место помошник тренерот Јовиќ

Лино Червар не се појави на денешната прес конференција пред натпреварот со Спортинг во Лигата на шампионите, од клубот информираат дека тренерот на екипата ке се врати вечерва во Скопје и дека ке биде на клупата за средбата со екипата од Португалија.

Хрватските медиуми неодамна информираа дека Лино Червар нема да се врати во Скопје и дека ке остане неопределено време во Загреб .

Во отсуство на Лино Червар, на прес-конференцијата своите видувања ги даде Александар Јовиќ, помошник-тренер на Лино Червар, а во името на ракометарите зборуваше Дарко Арсиќ, првиот голман на Металург.