Connect with us

Фудбал

Да, и тоа е можно: Го напушти Вест Хем и го заборави скапоценото Ламборџини

Сенегалскиот фудбалер Диафра Сако направи неверојатен потег.

НА почетокот на оваа година, Сако одлучи да стави крај на својата епизода во Вест Хем и замина во Рен, а во англискиот тим, не се разочараа од неговата одлука, но тој се чини и тоа како.

Сако немаше доволна минутажа во Вест Хем, а последен пат кога ја тресна вратата од кампот за обука “заборави” на паркингот и на неговото Ламборџини од 250.000 евра. Автомобилот почна да го привлекува внимание, собираше прашина со месеци а вработените во клубот почнаа да се прашуваат на кого е, зошто е паркирано секогаш на истото место.

На крајот, тој се дозна на кој е, а на многумина не му е јасно како Сако успеа да заборави толку скапа “играчка”.

“Тој заработил толку многу што дури и не му е битно. Само го купи и го остави на паркингот”, откри изворот за Daily.

Во меѓувреме, Сако се пресели во Бурсаспор, за кој ќе настапи до крајот на сезоната како позајмен играч на Рен.