Connect with us

Фудбал

Дали Онана ќе биде „единица“ на Јунајтед по враќањето од Африканскиот куп на нации?

Манчестер Јунајтед летово го доведе камерунскиот голман Андре Онана, откако имаше одлична сезона во Интер.

Менаџерот Ерик тен Хаг веруваше дека долгорочно го решил проблемот со првиот голман, во тоа веруваа и навивачите на „црвените ѓаволи“, но Онана не се снајде, многуте голови кои тимот ги прими му го нарушија душа, па на Олд Трафорд размислуваат да му донесат конкурент. Посебно што Онане ќе отсуствува околу еден месец, бидејќи ќе игра за Камерун на Африканскиот куп на нации.

Едно од имињата кои британските медиуми ги поврзуваат со Јунајтед е Иван Проведел.

Голманот на Лацио, кој сезонава се прослави со голот против Атлетико во Лигата на шампионите, брани одлично.

Првата идеја на првиот човек на Манчестер Јунајтед е Проведел да го замени Онана за време на Африканскиот куп на нации, но не е исклучено тој да биде долгорочно решение доколку се истакне во текот на тој месец.

Лацио наводно е подготвен да го продаде својот голман, а доколку зделката биде договорена, Јунајтед ќе мора да им плати на Римјаните 30.000.000 евра.

Летото 2022 година го помина во Лацио каде пристигна од Специја.