Connect with us

Фудбал

Дарко Велковски ќе го спасува Динамо Букурешт од испаѓање

По неколку месеци без клуб Македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски, стави потпис на договор со Динамо Букурешт.
Велковски остана без клуб откако замина од Ал Етифак од Саудиска Арабија. По неколку месеци пауза, му се враќа на фудбалот.

Романскиот клуб Динамо Букурешт денеска соопшти дека го ангажира Македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски.

Тој веднаш ќе отпатува во Анталија каде неговите нови соиграчи се подготвуваат за вториот дел од сезоната.

Дарко Велковски доаѓа како спасител за Динамо Букурешт кој се бори за опстанок во романската лига, во моментов е на последното место на табелата со 16 бодови, дури сеум помалку од Поли Јаши кој е првиот најблизок конкурент.