Connect with us

Фудбал

Де Брујн никогаш поостар: „Неприфатливо, не можам јавно да кажам се што мислам!“

Капитенот на белгиската репрезентација Кевин Де Брујн остро ја критикуваше играта на својот тим по поразот од Франција.

Белгијците повторно беа прелесни за Французите кои по којзнае кој пат ги совладаа.

Де Брујн беше многу разочаран по овој натпревар, иако не сакаше се да открие пред камерите.

„Тука не можам да кажам што не беше во ред, веќе им кажав на соиграчите на полувремето. Не можам да го повторам истото сега во медиумите, но јасно е дека треба да играме подобро. Ако не сме доволно добри за да стигнеме до поранешното ниво, тогаш мораме да дадеме се од себе на теренот. Ако не сте доволно добри, а не се ни трудите, тогаш е готово. Можам да прифатам дека не сме толку силни како во 2018 година. Јас сум првиот што го предвидува тоа, но некои други работи се неприфатливи, но не можам јавно да кажам кои“, изјави Де Брујн, но не застана ниту тука:

„Имаме премногу играчи позади. Ако има шест играчи позади, тогаш немаме врска на теренот и така е. Не се работи за транзиција, туку за луѓето да не го прават она што се бара нив “, заклучи Де Брујн.

Се чини дека и ѕвездата на Манчестер Сити ги брои последните денови во националниот тим…