Connect with us

Фудбал

Де Брујн повторно се повреди?

Кевин Де Брујн не е во списокот за пријателските натпревари на Белгија против Ирска и Англија во март.

Доменико Тедеско, тренерот на белгискиот тим, истакна дека Де Брујн повторно има проблеми со повредата на препоните.

„Во последните неколку натпревари Кевин чувствува болка. Решивме дека е подобро да остане во Манчестер и да биде целосно подготвен за Европското првенство“, изјави Тедеско.

Ова веднаш го отвори прашањето дали одличниот Белгиец ќе му биде на располагање на Пеп Гвардиола за следните натпревари. Најпрво Манчестер Сити во сабота ќе одигра натпревар од ФА Купот против Њукасл, а потоа на 31 март можеби ќе има решавачки меч за титулата англиски шампион против Арсенал.