Connect with us

Фудбал

Дете влета на теренот, сакаше да се поздрави со Меси, а неговиот телохранител се претвори во Усеин Болт (ВИДЕО)

Интересно беше на последниот натпревар на Интер Мајами пред репрезентативната пауза.

Интер гостуваше во Торонто и победи со 1:0, а прва ѕвезда на натпреварот, како и обично, беше Аргентинецот Лионел Меси. Најдобриот играч на сите времиња без сомнение привлекува големо внимание каде и да се појави, а тоа беше случај и сега кога еден навивач ја прескокна заштитната ограда и отиде да се фотографира со Аргентинецот.

Имаше и видео од неговиот телохранител Јасин Чеук кој веднаш се „трансформираше“ во најдобриот спринтер на сите времиња Усеин Болт и стигна до споменатиот навивач за да го спречи од неговиот план. Инаку, Меси моментално е на собирот на репрезентацијата на Аргентина, која во октомврискиот квалификациски циклус ќе одигра два натпревари против Венецуела и Боливија.