Connect with us

Фудбал

Ди Натале се врати во фудбалот, но во нова улога

Познатиот италијански напаѓач Антонио Ди Натале се врати во фудбалот.

Ди Натале кој дел од својата кариера помина во Удинезе во текот на летото на 2016 година тој одлучи да ги “закачи копачките”, но дека без фудбал не може покажа новата функција на која се најде.

Медиумите од Италија објавиа дека 40-годишниот Ди Натале стана дел од техничкиот тим на Специја, каде што тој ја презеде улогата на советник, а во овој второлигаш ќе биде вклучен и во работа со првиот тим.

На неговиот нов ангажман, инсистираше тренерот на Специја, Паскуале Марино, кој во минатото имал можност да работи со Ди Натале во Удинезе.

Ди Натале е еден од најдобрите стрелци на италијанската Серија А на сите времиња. На вечната листа, тој е шести со 209 гола, од кои 191 за Удинезе.