Фудбал
„Добри“ вести за Јунајтед пред Тотенхем

Манчестер Јунајтед синоќа лесно го совлада Виган во ФА Купот со 2:0. И покрај силниот стартен состав, „ѓаволите“ останаа без Антонио, Амадо Диало и Ериксен, не сметајќи ги претходно повредените играчи.
Сепак, беше потврдено дека Антони е полесно повреден. „Телеграф“ пренесува дека повредата не е премногу сериозна и затоа се очекува играчот да се врати на следниот натпревар.
Јунајтед следно ќе се соочи со Тотенхем во Премиер лигата, што ќе биде првиот натпревар на Олд Трафорд во 2024 година.
Антони и да е подготвен за враќање, би можел да се најде на клупата откако Алехандро Гарнако прикажа уште едно добро издание од десно крило.
Дополнително, добра вест е што Лук Шо и Хари Мегваер би можеле да се вратат до натпреварот со Тотенхем.