Connect with us

Фудбал

Добри вести за Клоп, клучен играч блиску до враќање на терените

Фудбалерот на Ливерпул, Кертис Џонс е блиску до враќање во игра, пренесува Liverpool Echo. Англискиот играч од средниот ред е надвор од терените поради повреда што ја заработи против Брентфорд на 17-ти февруари. Оттогаш, Џонс пропушти осум натпревари во сите натпреварувања за Мерсисајдерите.

Крајот на тоа чекање изгледа сѐ поблиску, играчот од средниот ред треба да продолжи со тренинзите оваа недела и мали шанси да биде во тимот за дуелот со Брајтон во Премиер лигата, но Ливерпул веројатно нема да сака да ризикува нова повреда на својот играч. Пред повредата, Кертис Џонс беше редовен во своите настапи и главен дел од тимот на Јирген Клоп.

За Мерсисајд Редс има 125 настапи, постигнувајќи 16 гола и 14 асистенции.

Џонс е и англиски шампион со Ливерпул во сезоната 2019/20, како и победник на ФА Купот и Светското клупско првенство.