Фудбал
Дортмунд „ечеше“ низ Келн, спектакли во Фрајбург и Дармштад

Од 15 часот и 30 минути се одиграа четири натпревари од 18. коло на германската Бундес лига, а постигнати се следниве резултати: Келн – Борусија Дортмунд 0:4, Дармштад – Ајнтрахт Франкфурт 2:2, Фрајбург – Хофенхајм 3:2 и Хајденхајм – Волфсбург 1:1.
Дортмунд лесно излезе со Келн, убедливо го совлада и се чини дека Келн многу тешко ќе избегне преселба во Цвајт.
Стрелци за „милионерите“ беа Мален во 12., Филкруг од пенал во 58., повторно Мален во 61. и Мукоко во 92. минута.
Франкфурт поведе со 0:2 во Дармштад преку Нкунку во 33. минута и Кнауф во 51. минута, а голот на надежта за домашниот тим го постигна Џусван во 61. минута. Дармштад не се предаде и успеа да дојде до бод во 95. минута, кога Вилхелмсон погоди за 2:2.
Одличен натпревар беше виден во Фрајбург. Домашните поведоа со 2:0 со головите на Холер во 37. минута и Гриф во 55. минута, а потоа Хофенхајм се врати и израмни на 2:2. Стрелци беа Вегхорст во 57 и Бејер во 77 минута. Во 82. минута Фрајбург беше во играч помалку поради вториот жолт картон на Жилд, но тоа не го спречи да дојде до голема победа. Унгарецот Салаи погоди во 85. минута за конечни 3:2.
Во Хајденхајм, Волфсбург поведе во седмата минута со голот на Черни, а израмни Јенц, кој си постигна автогол во втората минута од судиското надополнување на првиот дел.
Во овој термин започна и натпреварот помеѓу Бохум и Штутгарт, но меѓу двете полувремиња имаше голем прекин при резултат 0:0. Овој натпревар продолжи пред само малку, а Бохум поведе со 1:0.