Фудбал
“Дури и моите родители рекоа дека е невозможно Роналдо да потпише за Јувентус”
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ја изненади фудбалската јавност со одлуката да го напушти Реал Мадрид по девет сезони и својата кариера да ја продолжи во Јувентус.
Роналдо го освои сето она што може во Реал Мадрид и сфати дека е време за нешто ново во неговата кариера. Иако имаше многу други понуди, тој на крајот го избра Јувентус за да изненади многумина. Меѓутоа, португалцот верува дека Старата дама исто така може да испише историја.
Еден од многуте кој ги изненади овој трансфер е неговиот поранешен соиграч Алваро Марата, кој исто така играше за Јуве со многу успех. Мората признал дека не верувал дека Роналдо потпишал за Јувентус и мислел дека тоа е само уште едена низа шпекулации.
“Вистината е дека јас не можев да верувам дека Роналдо дојде во Јуве. Мислев дека тоа е само шпекулација затоа што очекував да го продолжи договорот со Реал Мадрид. Дури кога спортски директор на Јувентус ми потврди, сфатив што всушност се случило. Дури и моите родители рекоа дека е невозможно, а пред СП ми рекоа дека ова ќе се случи, но јас не им верував “, рече Мората.