Connect with us

Фудбал

Еден од овие двајца се враќа од пензија и застанува на голот на Барса!

Спортскиот директор на Барселона Деко и Ханси Флик решија веднаш да доведат уште еден голман, а не да го чекаат зимскиот преоден рок.

Според правилата на Ла Лига, Барселона има право да донесе еден од слободните играчи на пазарот со дозвола веднаш да го регистрира во случај на долготрајна повреда, што е случај со Тер Штеген.

Сигурни каталонски извори како Елена Кондис и Тони Хуанмарти денеска открија дека во оптек се двајца слободни голмани – Војчех Шчесни и Кејлор Навас!

И двајцата се без клубови, со тоа што Полјакот реши да се пензионира на крајот на август, а Навас не доби вистинска понуда откако му истече договорот со Пари Сен Жермен.

Извори велат дека Полјакот има блага предност пред поранешниот голман на Реал Мадрид. Сепак, се додава дека Жорге Мендеш, кој го претставува Навас, прави се за да го доведе во Барселона. Навас е подготвен да брани за минимум, како и да потпише еднократен договор до јуни 2025 година.

Наводно, и покрај доаѓањето на новиот голман Ињаки Пења, тој ќе остане избор број еден, но во случај на полоши игри ќе има адекватна замена во форма на поискусни чувари на мрежата.

Треба да се истакне и дека Шчечни е дури четири години помлад од Навас, што минатата сезона одбрани 35 натпревари за Јувентус, за разлика од Костариканецот, кој целата минатата година ја мина на клупата на Пари Сен Жермен.