Фудбал
Египќаните ја потврдија повредата на Салах, добра вест за Ливерпул?!

Фудбалската репрезентација на Египет ќе биде без својот најдобар играч Мохамед Салах во следните два натпревари на Африканскиот куп на нации.
Поради повреда на тетивата, Салах мораше да го напушти теренот на мечот против Гана, поради што нема да настапи на решавачкиот меч против Зеленортските Острови. Исто така, нема да биде подготвен за осминафиналето, доколку Египет оди во следната рунда.
Египет по две кола има два бода, по еден Гана и Мозамбик, па се е отворено пред последното коло. На Египќаните им треба победа доколку сакаат сигурен премин во следната рунда.
Со оглед на тоа што Египет е многу послаб тим без Салах, потенцијалната елиминација е секако добра за навивачите на Ливерпул.
Салах не е сериозно повреден, сигурно ќе може да игра за седум дена, па доколку случајно испадне Египет веќе на почетокот на февруари ќе му биде на располагање на Јирген Клоп.
Натпреварите од последното коло од оваа група Б се закажани за в понеделник кога ќе се знае дали Египет ќе игра во следното коло.