Други спортови
Еклстоун: Алонсо не е меѓу најдобрите пилоти во историјата на Ф1
Поранешниот сопственик на Формула 1, Берни Еклестон, смета дека лошите одлуки на патеката го спречуваат Фернандо Алонсо да биде меѓу најголемите во историјата на спортот.
– Тој е, секако, еден од најдобрите возачи, но понекогаш прави погрешни одлуки. Во однос на други области на животот, дефинитивно не е меѓу најдобрите. Стирлинг Мос никогаш не стана светски шампион, но тој беше еден од најголемите, изјави 87-годишниот Британец за германскиот весник „Билд“.
Се разбира, Алонсо продолжува да биде сакана од многу фанови на Ф1, особено во неговата родна Шпанија. Неговиот 23-годишен сонародник Карлос Сајнц, кој ќе го замени во Мекларен, смета дека заминувањето на Фернандо во Индикар ќе наштети на Формула 1.
– Постојат фанови кои ќе се насочат од Ф1 кон Индикар, но мислам дека благодарение на него има многу фанови на Формула 1 во Шпанија. Јас ќе сторам се за да остане така, изјави Сајнц.