Connect with us

Други спортови

ЕУРО 2020: Макдонија славеше во Рига

Во средбата од шестото коло од Групата Г за квалификациите на Европското фудбалско првенство во 2020 година, репрезентацијата на Македонија забележа победа од 2:0 на гостувањето кај Летонија.

Македонија својата втоа победа во овој квалификациски турнир, втор на истата селекција, ја оствари со ангажирана игра на самиот старт кога во 14 погоди капитенот Горан Пандев, а во 17-та со силен и прецизен удар од 20-ина метри Енис Барди го совлада домашниот голман. До крајот на полувременот македонската селекција имаше уште неколку изгледни шанси, но не успеа да го зголеми водството, а во вториот дел рутинирано ја одржуваше предноста.

Македонија сега има 8 бодови по шест кола и е на петтото место. Летонија е последна со сите шест порази и катастрофална гол-разлика

Полска која вечерва ремизираше дома со Австрија без бодови е во водство со 13 бодови, а Австрија е трета со 10 бодови.

Словенија на домашен терен оствари победа од 3:2 над Израел во меч со пресврти и изби на втората позиција со 11 бодови, додека Израел има како и Македонија 8 бодови но подобра гол-разлика. Словенците поведоа во 43 минута преку Вербич, а Израелските фудбалери прво израмнија во 50 минута преку Начо а потоа и поведоа во 63 минута со погодокот на Захави. За Словенците по само три минути израмни Безјак, а Шпорар во последната минута од регуларниот дел донесе важна победа за словенечката селекција.

Извор: Нетпрес