Connect with us

Други спортови

ЕУРО 2020 се подалеку за БиХ, пораз од Ерменија со 4:2

Добар натпревар на стадионот „Република“ во Ереван, а на крајот, домашниот тим славеше голема победа.

Веќе во третата минута Ерменците дојдоа до водство со голот на Мхитарјан, а гостите израмнија преку Џеко во 13 минута.

Ново водство за домашната селекција донесе Мхитарјан со гол во 66 минута.

Следеше ново израмнување во 70 минута со гол на Амер Гојак.

Ерменците поведоа со 3:2 во 77 минута со гол на Хамбарџумјан, а конечни 4:2 беа поставени во продолжението со автогол на Лончар.

Сега БиХ има седум бодови и се наоѓа на четвртото место на табелата, а Ерменците со два бода повеќе се наоѓаат на трето место.