Connect with us

Ракомет

Еурофарм Работник го освои турниро „Заим Кобилиќ“

Ракометарите на Еурофарм Работник се освојувачи на Mеѓународниот турнир „Заим Кобилиќ“, откако единствени забележаа победи на двата натпревари. Во вчерашното финале битолчани немаа тешка задача против Млади Рудар и победија со 30-21.

Во полуфиналниот двобој, избраниците на Ѓорѓе Чирковиќ го совладаа босанскиот прволигаш Вогошча Хилс со 30-24.

Горан Кузмановски беше прогласен за најкорисен ракометар на турнирот. Екипата се враќа за Битола, каде во наредните две недели ќе се подготвува за суперлигашкото деби против Пелистер.