Connect with us

Ракомет

ЕВРО – Германците го соборија светскиот рекорд и тргнаа со триумф!

Германските ракометари ја совладаа Швајцарија со 27:14 (13:8, 14:6) во натпреварот од првото коло на Европското првенство на кое се домаќини.

На фудбалскиот стадион во Дизелдорф вечерва 53.586 гледачи ги предводеа „панцерите“ до воведниот триумф на шампионатот, со што беше срушен светскиот рекорд за посетеност на ракометен натпревар.

Германија до победата ја предводеше феноменалниот голман Андреас Волф со 14 одбрани, додека кај домашните најдобар стрелец беше Јури Нор со шест гола.

Во репрезентацијата на Швајцарија се истакна Лени Рубин со четири гола.