Connect with us

Фудбал

Фабрегас оди на суд, не плаќал кирија

Сеск Фабрегас, тренерот на Комо во Серија А, се соочува со проблеми надвор од теренот.

Поранешниот ас на Барселона, Арсенал и Челзи сега живее во Бисон, Швајцарија, кој е оддалечен 25 километри од Комо.

Станот не го купил туку го изнајмува и според италијанските медиуми веќе должи околу 36 илјади евра за кирија. Поради ова, сопственикот на станот решил целиот случај да го изнесе на суд.

Рочиштето е закажано за следната недела. Доколку го добие случајот, Фабрегас ќе мора да го напушти станот, а ако не го добие, тогаш полицијата ќе го избрка него и неговото семејство. Многу бизарна ситуација за човек кој во текот на кариерата заработил повеќе од 100 милиони евра.

Фабрегас во четири кола освои два бода со Кома и има голема борба за опстанок до крајот на првенството.