Фудбал
ФИФА номинираше три кандидати за најдобар тренер во светот
ФИФА го избира најдобриот тренер во 2018 година, а меѓу трите кандидати беше избран и хрватскиот тренер Златко Далиќ.
Далиќ направи чудесен резултат и донесе сребро на Светското првенство во Русија, па не е ни чудо што тој е меѓу кандидатите за најдобар тренер во 2018 година.
Покрај него, ФИФА го номинираше Зинедин Зидан, кој ја освои третата титула од Лигата на шампиони со Реал Мадрид и Дидие Дешамп, кој беше шампион со Франција во Русија.
Со оглед на тоа кој сè е во конкуренција, нема да биде лесно да се донесе конечна одлука и се чини дека Далиќ, Зидан и Дешамп го заслужуваат тоа.