Connect with us

Фудбал

Финансиската полиција ги „чешла“ просториите на Интер: Дали „Нероаѕурите“ ќе одат во Серија Б?

Апенините продолжуваат да се тресат. По Јувентус, на ред дојде и да се „чешла“ Интер.

По одобрението на обвинителството во Милано, финансиската полиција извршила претрес во просториите на Интер со цел да се стекне со капитална добивка во периодот од 2017 до 2019 година.

Операцијата започна на 9-ти декември и е под истрага за трансфери кои на „Нероаѕурите“ им донесоа сомнителен профит од 100 милиони евра.

„Станува збор за добивање документација поврзана со трансферите на Интер на правата за регистрација на одредени играчи за финансиските години 2017/2018 и 2018/2019 година со цел да се провери точноста на пресметката на релативната капитална добивка. Истрагата е против непознати лица, но хипотезата за криминал е лажно сметководство“, се наведува во соопштението.

Нешто слично се случи и со Јувентус на крајот на ноември, кога се споменуваше елиминацијата во Серија Б, што не е исклучено и во случајот со Интер.

Тогаш првиот човек на италијанската асоцијација за заштита на потрошувачите потврди дека доколку се докаже дека Јувентус фалсификувал финансиски извештаи (50 милиони евра), ќе побара од властите строги казни. Меѓу другото, одземањето на трофеите освоени во периодот од 2018 до 2021 година и елиминацијата на Јувентус во Серија Б.

„Ако Јувентус незаконски стекнал предност во однос на ривалите, тогаш Федерацијата и Управата за натпреварување треба да се вклучат и да воведат санкции кон Јувентус“, рече Донзели.

„Поради оваа причина, и за да ги заштитиме илјадниците навивачи, ќе поднесеме жалба до Антимонополскиот комитет и федералните обвинители барајќи од нив да го префрлат Јувентус во Серија Б и да ги одземат последните шампионски титули освоени како резултат на овие потенцијално незаконски операции – додаде Донзели.

Останува да видиме дали од Интер ќе биде побарано испаѓање во понизок ранг.