Connect with us

Фудбал

ФОТО: Лион го претстави своето големо засилување

Лион синоќа на свој терен беше поразен од Ница во францускиот шампионат, но сепак имаа причина да слават затоа што се појави информација дека нивниот клуб во последните часови од преодниот рок успеа да ангажира големо засилување.

Синоќа Селтик на официјалната страна соопшти дека ја прифати понудата на Лион за одличниот 22-годишен Муса Дембеле, а тој денеска е и претставен во својот нов клуб.

Се претпоставува дека Лион за услугите на Дембеле издвои 22 милиони евра, а младиот Французин треба да биде повеќе од достојна замена за Мариано Диаз кој замина во Реал Мадрид.

Муса Дембеле е од младинскиот „погон“ на ПСЖ каде во 2012. година пристигна во јуниорската селекција на Фулам. Две години подоцна се приклучи на првиот тим, а во 2016 дресот на Фулам го замени со оној на Селтик. Младиот Французин минатата сезона одигра вкупно 39натпревари за Селтик, а постигна 16 голови и девет асистенции. Во оваа сезона започна одлично затоа што на шест натпревари постигна три голови.

Покрај Дембеле, на денешната прес-конференција во просториите на клубот беше претставено уште едно ново засилување на Лион – младиот крилен напаѓач Лени Пинтор.

Овој 18-годишен фудбалер пристигна од Брес, а Лион наводно за неговиот потпис платил околу 4.5 милиони евра.

И двајцата фудбалери со Лион потпишаа пет годишен договор.