Фудбал
ФОТО: Навивачите се поделија околу потегот на Санчез на клупата
Алексис Санчез не беше многу среќен што претходно мораше да ја напушти играта.
Манчестер Јунајтед вчера славеше со 2:0 во Барнли, со двата голови постигнати од Ромела Лукаку. Санчез не беше лош, тој се обидуваше да постигне гол и даде се од себе, но Жозе Мурињо го извади од теренот.
Кога седна на клупата, Чилеанецот беше бесен, во еден миг ја повлече лентата што го завитка зглоб на раката и ја фрли на подот.
Некои обожаватели го сметале овој потег како груб и непотребен, а други го сметаат за добар, бидејќи покажува колку сака да игра и колку сака да биде со тимот.