Фудбал
„Фудбалерите треба да излегуваат на пијачка и во ноќни клубови“

Голема прашина крена случајот со Маркус Рашфорд откако во четвртокот вечерта излегол во ноќен клуб во Белфаст, а во петокот наутро пријавил во клубот дека е болен, што било познато со брзина на светлината и предизвикало многу негативни коментари.
Поради ова тој не тренираше со тимот, а Ерик Тен Хаг го изостави од списокот на играчи за гостувањето кај Њупорт во ФА Купот (4:2).
„Излегување на пијачка, излегување во ноќен клуб, тоа е нешто што секој фудбалер треба да го прави и ќе го прави. Значи немам проблем со ништо, треба да уживаат и да се релаксираат со другарите, тоа не е спорно. Но, тајмингот треба да биде вистинскиот“, изјави легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил за Би-Би-Си .
Не е првпат Рашфорд да прави слични проблеми. Навивачите на Јунајтед добро се сеќаваат и на минатиот октомври кога истата вечер кога неговиот тим беше убедливо поразен на „Олд Трафорд“ од градскиот ривал Сити со 3:0, тој беше снимен во центарот на градот како славеше роденден со пријателите.
Истото го кажав и во октомври по поразот од Сити“. Тоа е само прашање на избор и време. Тоа и самиот Маркус го знае, сега е искусен играч. Не зборуваме за младо момче, туку проблемот е што тоа го направи неколку пати во последните неколку месеци“, вели угледниот фудбалски аналитичар и коментатор.
Најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед минатата година е непрепознатлив оваа сезона. Тој постигна само четири гола, но Гери Невил му дава поддршка.
„Секогаш го гледав Маркус како одговорен играч, добар професионалец и некој кој напорно работи секој ден. Знам дека во моментов е во пад на формата. Треба само да се опушти, да се смири, да избере кога ќе излезе и да му се врати на фудбалот на нивото на кое знаеме дека може“.
Следниот натпревар Јунајтед го игра на гости кај Вулвс во четврток, а англиските медиуми чекаат да видат дали Тен Хаг ќе смета на него за тој натпревар.
"Your timing's got to be right."@GNev2 has some advice for Marcus Rashford.#MUFC pic.twitter.com/XFDxc5wgDZ
— BBC Sport (@BBCSport) January 30, 2024