Connect with us

Фото

ГАЛЕРИЈА: „Црвено-црните“ тренираа на „Аноета“ пред дуелот со Реал Сосиедад

Фото: Денис Дуковски

Вардаровиот тим вечерва го одработи првиот и последен тренинг на стадионот „Аноета“ пред утрешниот натпревар против Реал Сосиедад.

Екипата на Вардар вечерва го одржа и последниот тренинг на стадионот „Аноета“ во Сан Себастијан, пред утрешниот натпревар од четвртото коло во групната фаза од Лигата на Европа.

Избраниците на Чедомир Јаневски имаа можност да го почувствуваат тревникот на теренот на кој што се играат натпревари од шпанскиот шампионат, и да ги направат последните подготовки пред утрешниот натпревар со Реал Сосиедад.

Натпреварот помеѓу Реал Сосиедад и Вардар се игра на овој стадион во четврток со почеток во 21:05 часот.