Connect with us

Фудбал

Гигс: Манчестер Јунајтед го има вистинскиот тренер кој мора да го задржи

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, не се согласува со многумина дека времето на Жозе Мурињо на клупата на Јунајтед е поминато и дека за Јунајдет е најдобро да бараат нов тренер.

“Јунајтед веќе има голем тренер. Клубот минува низ тежок период, но таквата ситуација мора да се надмине. Не гледам каде Манчестер би можеле да одат по Мурињо. Мислам дека го имаат вистински човек треба да се задржи. Сите треба да се држат заедно. На тренерот секогаш му е тешко по резултат како што беше против Тотенхем. Ја разбирам неговата фрустрација, бидејќи на некој друг натпревар Јунајтед би победил. Начинот на кој натпреварот заврши, третиот гол, изгледаше многу полошо отколку што беше. Добрата работа кај фудбалот е што секогаш ќе има следниот натпревар за поправка. Ќе излезе од ова, се надеваме, што е можно поскоро “, рече Гигс.

Португалскиот специјалист веќе долго време е под критики, поради многу лоша игра на Јунајтед.

Црвените ѓаволи минатата сезона во одредени натпревари изгледаа како аматери, а оваа сезона не е ништо поинаква, бидејќи имаат две загуби и веќе се наоѓаат шест бода зад водечките тимови.