Connect with us

Фудбал

Го следеа Барса и Арсенал, Симеоне го украде!

Еден од најталентираните белгиски играчи Артур Вермерен е на прагот да премине во Атлетико Мадрид.

Фабрицио Романо денеска потврди дека Вермерен е изоставен од составот на Кралскиот Антверпен во Купот на Белгија, за случајно да не се повреди пред трансферот во Атлетико.

Се очекува трансферот да биде комплетиран во следните 24 часа, а Атлетико за Вермерен ќе плати 22 милиони евра.

Инаку, Вермерен пред месеци го следеа Барселона и Арсенал, но зимава Атлетико го зголеми бензинот, покажа најголем интерес и го комплетираше трансферот.

Вермерен има само 18 години, но веќе има два настапи за сениорската репрезентација на Белгија и важи за еден од најголемите таленти во својата земја.

Тој игра на позицијата последен играч за врска, а Трансфермакт го проценува на 30 милиони евра, па Атлетико заврши одлична работа.

Погледнете за каков играч станува збор…