Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ нема да игра на Мастерс турнирот во Мајами!

Новак Ѓоковиќ нема да учествува на Мастерс турнирот во Мајами.

Во Индијан Велс, Новак неочекувано го заврши учеството веќе во третото коло со пораз од Лука Нарди.

„Мајами е тука, да видиме. Пред десетина минути бев на теренот, главата се уште ми е малку жешка. Морам да одвојам ден-два, а потоа да видам што сакам да направам понатаму“, изјави Ѓоковиќ веднаш по поразот од Италијанецот.

Новак е шесткратен шампион во Мајами, а тој турнир ќе се игра од 20 до 31 март. Сега Ѓоковиќ се подготвува за земјена подлога, а прв на програмата треба да биде Монте Карло кој стартува на 7 април.