Други спортови
Ѓоковиќ: Сакам да играм уште десет години
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека нема планови наскоро да стави крај на кариерата, напротив, планира професионално да игра уште една деценија.
– Тренирам секој ден. Се обидувам да останам во форма. Веќе поминаа два месеца, а јас претходно во животот немав повеќе од еден месец без рекетот. Овој период добро ми дојде. Сега ми недостасува натпреварувањето, но не до таа мера да не знам што друго да правам. Има многу убави нешта што ми се случија изминатиот период, меѓу нив секако приновата во семејството, изјави Србинот кој поради повреда на раката ја заврши сезоната, но не и кариерата.
Сакам да играм уште многу, една деценија, но ќе видиме како ќе се однесува моето тело. Крајот на кариерата не е на повидок. Целта ми е да ги поместам границите, да се усовршувам уште. Има елементи во играта кои можам подобро да ги правам. Свесен сум за тоа, додаде Ѓоковиќ.
30-годишниот српски тенисер долго време беше прв на АТП ранг листата, а во моментов е на 6. место.