Connect with us

Фудбал

Грешката на Инзаги што го исфрли Интер од ЛШ – Зошто го пушти да го изведе пеналот?

Фудбалерите на Интер доживеаја елиминација во осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Нероазурите“ беа поразени од Атлетико Мадрид по слабото изведување на пенали, а крајно дискутабилен е изборот на тренерот на „пеналџиите“ на лидерот во Серија А и минатогодишен финалист во Лигата на шампионите, Симоне Инзаги.

Инзаги синоќа за пенал ги избра Хакан Чалханоглу, Алексис Санчез, Дејви Класен, Франческо Ачерби и Лаутаро Мартинез, од петмината тројца беа непрецизни: Санчез, Класен и Мартинез.

Посебно е проблематично што му се веруваше на Санчез, бидејќи Чилеанецот е слаб изведувач на пенали, што јасно покажува и статистиката.

Искусниот 35-годишен фудбалер во кариерата изведе 21 пенал, а погоди само 10, значи помалку од половина.

Санчез до лани имаше катастрофални 4/13, но во последната година го подобри учинокот и реализираше 6/7 од последните пенали, пред оној од синоќа.

Сепак, во најважниот момент, ударот на Алексис лесно го сопре голманот на Атлетико, Јан Облак. Потоа се тргна наопаку за Интер.