Connect with us

Тајмаут

Грилиш: Мојата најдобра година во фудбалот и уништен сум

Фудбалерот на Манчестер Сити и англиски репрезентативец Џек Грилиш изјави дека е „уништен“ по трауматичното искуство кога крадци упаднаа во неговиот дом додека тој играше натпревар за Граѓаните.

Куќата на овој фудбалер била мета на крадци додека тој играл премиерлигашки натпревар против Евертон во Ливерпул минатата среда, објавија британските медиуми.

Како што јави Би-Би-Си, девојката на Гралиш, Саша Атвуд и членовите на неговото семејство биле на имотот во Чешир кога го слушнале немирот и го вклучиле алармот. Извршен е полициски претрес со поддршка на кучиња и хеликоптер, но полицајците не ги пронашле осомничените.

Наводно биле украдени накит и часовници во вредност од милион фунти.

„Не можам да почнам да објаснувам колку сум ужаснат поради кражбата што се случи во мојот дом пред неколку дена“, објави Џек Гралиш на својот Инстаграм профил и продолжи:

„Моето семејство ми е сè на светот и ништо не е поважно од нивната безбедност. Ова беше трауматично искуство за сите нас, многу сум благодарен што никој не беше повреден“.

Џек Грилиш имаше фантастична година на спортски план, со Сити стана шампион на Англија, Европа и светот, но овој настан му ги расипа сите убави работи кои ги доживеа во 2023 година.

Имав толку многу неверојатни искуства и достигнувања во последните 12 месеци, но да бидам искрен, најдобрата година во мојот живот во фудбалот не се чувствува како нешто што можам да го прославам во моментов“. Луѓето кои ги извршуваат овие грозоморни злосторства немаат поим за штетата што ја прават на човечките животи. Се надевам дека ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата за да не мора ниту едно друго семејство да го помине она низ што поминавме ние“.

Англискиот фудбалер доби поддршка од сите страни.

„Ги ценам пораките на сите и поддршката од моите пријатели, соиграчи и клуб. Позитивна нота, би сакал да им се заблагодарам на сите за поддршката во изминатата година, ви посакувам вам и на вашите семејства среќна 2024 година“, напиша Џек Грилиш.