Connect with us

Фудбал

Гризман избра четири играчи кои му се најголема конкуренција

Францускиот напаѓач Антоан Гризман ова лето остана во Атлетико Мадрид, иако практично имаше трансфер во Барселона.

Гриеман ја предводеше Франција до титулата светски шампиони, а од овој напаѓач многу се очекува во новата сезона во дресот на Атлетико Мадрид. Тој е сигурен дека неговиот тим може да направи многу и конечно од тронот на Шпанија да ги турне Реал и Барса.

Гризман исто така зборуваше за индивидуалните награди и дали еден ден може да стигне до Златната топка. Францускиот напаѓач искрено рече дека ова е невозможно во ерата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо и откри кој е неговата најголема конкуренција во моментов.

“Едноставно Меси и Роналдо се на некое ниво погоре, бидејќи тоа е невозможно да се следи и да се постигне 50 гола во сезона. Со нив, може да бидете на врвот на една сезона, но веќе следниот е друга приказна. Ние треба да чекаме додека тие не го предадат престолот, па тогаш ќе биде интересно да се види кои ќе дојдат по нив. Што се однесува до мене, мислам дека таму ќе се натпреварувам со Нејмар, Мбапе, Левандовски и Азар”, рече Гризман.