Connect with us

Фудбал

Гвардиола е реален за трансферите меѓу Сити и Јунајтед

Во светло на трансферот на Омар Берада, поранешниот спортски директор на Манчестер Сити, во градскиот ривал Манчестер Јунајтед, тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола ја коментираше политиката на трансфери од еден во друг дел на Манчестер.

„Трансферот на Берада во Јунајтед не е ништо лошо. Ако не беше среќен, зошто да не?“ – изјави шпанскиот стручњак и воопшто се осврна на трансферот од Сити во Јунајтед.

Истото го мислам и за трансферите на играчи.

„Ако сакаме играч на Јунајтед и тие се согласат со цената, зошто да не? , беше јасен Гаврдиола.

Инаку, Берада мина осум години во Манчестер Сити, а пред неколку дена стана нов извршен директор на тимот од „Олд Трафорд“.